About this Оператори во контакт центар role at Mellon Group of Companies
Продолжувајќи ја успешната соработка со Македонски Телеком АД Скопје, Мелон Солушнс Дооел вработува:
ОПЕРАТОРИ ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР
(реф. бр. 082026-010)
Достапни се позиции со:
• полно работно време (40 часа неделно)
• скратено работно време (20 часа неделно)
Работната позиција е наменета за кандидати за кои комуникацијата со луѓе е предизвик, сакаат да им помогнат на клиентите и имаат способност да препознаат можности за продажба на производи и услуги.
Опис на работната позиција
Како оператор во контакт центар ќе бидете задолжени за:
• Одговарање на влезни повици од корисници и обезбедување професионална корисничка поддршка,
• Давање основна техничка помош и насоки при користење на интернет, ТВ и телефонски услуги,
• Остварување излезни повици со цел презентација и продажба на телекомуникациски производи и услуги,
• Препознавање на потребите на клиентите и понуда на најсоодветно решение,
• Обезбедување позитивно корисничко искуство преку љубезна, професионална и ефикасна комуникација,
• Работа согласно утврдени процедури, стандарди за квалитет и поставени цели за успешност.
Профил на кандидатот
Ги охрабруваме да аплицираат кандидатите кои поседуваат:
• Одлични комуникациски вештини и способност за јасно и уверливо изразување,
• Изразена ориентираност кон клиентите и желба за обезбедување позитивно корисничко искуство,
• Трпеливост, смиреност и емпатија, особено при комуникација со корисници кои се соочуваат со технички проблеми,
• Продажни способности, градење доверба кај клиенти, идентификација на потреби и ефективно претставување на услуги,
• Чувство на одговорност, дисциплина и посветеност кон работата,
• Способност за брзо учење и усвојување нови знаења,
• Способност за работа во динамична средина и исполнување на поставени цели,
• Основно користење на компјутер, работење со повеќе апликации и познавање на MS Office,
• Тимски дух и позитивен пристап кон работата,
• Минимум завршено средно образование.
Јазични опции
• Течно познавање македонски јазик, ИЛИ
• Мајчин албански со добро познавање македонски јазик.
Што нудиме
• Платена обука (во просек 3 месеци) каде ќе ги научите сите потребни процеси,
• Мотивациски бонуси за постигнати продажни резултати,
• Пријатна и стимулирачка работна атмосфера.
Важно
Работната позиција подразбира:
• Работа во смени, вклучително и втора смена,
• Работа за време на викенди и празници согласно распоред,
• Работа во средина со јасно дефинирани цели и индикатори за успешност (KPI).
Аплицирајте денес
Испратете го Вашето CV и станете дел од тим кој го цени ангажманот и професионалниот пристап на секој член.